.: Спортски семафори за сите спортови во сала

Вакви семафори имаме изработено за спортски сали во Берово - Гиманзија"Ацо Рускоски" и ОУ "Кирил и Методија" во Делчево

 

 

 

 

 

 

 

 

Семафор во Средното индустриско училиште Ристе Ристески - Ричко во Прилеп

 

Семафорите ги изработуваме во најразлични димензии согласно според потребите на корисникот

до димензии 300 х 150 цм

 

.: Карактеристики за семафор со димензии 210 х 120

1 . Семафор со димензии 210 х120х15 цм кој е мултифункциски за сите видови на спортови  во сала како кошарка , ракомет ,одбојка, мал фудбал (футсал) . 
Семафорот е  е изработен од комбинација на лесна конструкција со рамка од алуминиумски  профили ,плексиглас  и лесонит  (или лексант ) што му дава голема цврстина  и многу мала тежина ,  околу 25 Кг.
Управувањето е  преку командна табла и ракувањето е исклучително едноставно , прилагодено за работа дури и со необучени корисници дури и деца од школска возраст кои ги познаваат правилата на играта.
Командната табла  со диманзии 250 х 200 мм има вграден ЛЦД  дисплеј со 2 Х 40 карактери и  сите потребни податоци што се прикажуваат на големиот семафор ги има и на него и има можност за програмски корекции на параметрите на времето и резултатот во текот на траење на играта,издвоени копчиња за секоја натпреварувачка екипа  посебно (бонуси,тајм аути, лични грешки  , резултат , исклучувања ) и заеднички копчиња (време,старт,стоп, пауза , посед , сирена,периот,нумеричка тастатура ,...)
 Автоматско собирање на резултатот со 3 тастери за 1-2-3 поени.На големиот семафор има три величини на дигитални бројки со  црвени и зелени ЛЕД  диоди со многу висока сјајност и широк агол на гледање ( со овој избор на големина се гарантира видливост од  преку 70-80 м ) и тоа со со 17 цм црвени (време и резултат) и со 13 цм зелени (бонус, период ) и со 10 цм зелени (или жолти за  исклучување на  играч – ракомет).Сите се со едноредни ЛЕД сегменти . За кошарка кога се одбројува времето од 24  сек за напад има 2 мали семафори кои најчесто се монтираат над кошот се со  димензии 40 х 40 цм  а цифрите се со димензија од 25 цм (дворедни). Поради динамичноста на играта за кошарка постои и дополнителна мала тастатура за контрола на дополнителните мали семафори од  24 /14  секунди. 
За контрола на времето на големиот семафор има светлосен панел со 4 цифри  од  17 цм и тоа  се прикажува во  облик ММ:СС  од 00:00 до 99:00 мин.Во кошарка последната минута се прикажува и со  1/10 сек. Резолуцијата на мерење на времето е 1/10 сек. Освен за кошарка  времето се брои нанапред  до крајот на периодот. Резултотот се прикажува на  издвоени панели за секоја натпреварувачка екипа посебно има по  3 цифри  со големина исто од  17 цм кој може да биде прикажан од 000 до 999.Има посебен дигит за броење на полувремиња или четвртини со диманзија од  13цм зелени.
 
Бројач на Тајм аути за секоја екипа посебно прикажан со црвени 3 точки . Преку други две светлечки точки се врши означување на посед на топка. Личните грешки се прикажуваат за секоја екипа посебно на посебно издвоени панели  по 12 за секоја екипа со  4 зелени и 1 последната црвена  светлосни точки за секој играч посебно. Секоја ново доделена лична грешка ја трепери 5 сек таа точка заради подобар визуелен преглед на кој играч е доделена. 
Бонусите за кошарка се прикажуваат на 13 цм  зелени дигит за секоја екипа посебно .
За ракомет има по два панели за исклучување на казнети играчи за секоја екипа посебно а истите во одбојка ги  означуваат четвртините.
Звучна индикација се обавува преку  2  хорни сирени кои се монтирани на предната горна страна од семафорот и со неа се означува крај на натпеварот или крај на времето за напад.
Напојувањето на семафорот е од електрична мрежа на 220 в , а во случај  да дојде до прекин на истата сите податоци се зачувуваат во  контролната табла.  Потрошувачката на енергија е многу мала 200 ват и може да се напојува преку УПС од компјутер ако има чести прекини на ел.енергија и да се заврши натпреварот.
Времето на тајм аут се прикажува на малите семафори а по истекот повторно се враќа времето кое преостанало од прекинатиот напад.
Доколку во јуниорски натпревари времето на период се одбере да е помало од стандардното тогаш пред почеток на натпреварот се одбира и се  стартува играта.
Корекции на време или резултат се возможни при секој прекин на играта.
Сите  уреди помеѓу себе се поврзуваат со кабел и  на тој начин се остварува потребното напојување и комуникација помеѓу нив. Безжична комуникација  е дополнително возможна но не  е препорачлива поради попречувачи на комуникациски врски . 
Препорачано е да се постави заштитна мрежа пред семафорот за да не дојде до оштетување на истиот од  удар на силни залутани топки.






06-Feb-2014

Web site contents Copyright Videosonik 2014, All rights reserved.

izraboteno od Videosonik